Здружението Лумен го Започна проектот Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница”.
Здружението Лумен Струмица во партнерство со Истражувачки центар за безбедност,одбрана и мир во соработнка со Општина Струмица и одделението за локален економски развој, во склоп на V2 ПРОГРАМА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА 2015 ГОДИНА односно ЛОКАЛНА КОНТРИБУЦИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА ВО РАМКИТЕ НА СТРАТЕШКИТЕ ДОКУМЕНТИ ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА 2015 ГОДИНА “ЗА ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ ОД ОПШТИНА СТРУМИЦА, ги отпочнуваат проектите активности од проектот “Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница”.
Основна претпоставка од која тргнуваме во спроведување на овој проект е констатацијата дека младите имаат проблеми кои не можат секогаш да ги препознаат и објаснат, се сретнуваат со појави кои не знаат да ги именуваат, не можат сами да ги решат своите проблеми или не знаат на кому да се обратат за помош. Основна цел на проектот е Да се идентификуваат најголемите безбедносните предизвици, ризици и закани со кои се соочуваат младите во локалната заедница, како и да се развие безбедносната култура кај таа демографија.Воедно преку отворена дебата ќе се настојува да се надминат проблемите на кои наидуваат.
Примарна цел ни е да воспоставиме рамка на однесување која ќе претставува т.н. безбедносна култура на младите во локалната заедница и пошироко.
Проектот ќе биде исполнет со низа активности како што се:
2.Изработка на Поимник за безбедносна култура во печатена форма и негова дистрибуција
3.Анкетен прашалник насловен “Мислењето на граѓаните за својата безбедност” и спроведување на анкетата низ територијата на Општина Струмица
4.Изработка на брошува каде што ќе бидат изнесени резултатите од анкетата и дополнителни инфомрации на темата на проектот и нивна дистрибуција
5.Одржување на трибина на тема “Влијанието на безбедносната култура врз однесувањето на младите во локалната заедница”;
6.Одржување на Работилница – со тема „Симулација на вистински случаи за подигање на безбедносната култура“
7.Изработка на веб страна каде што ќе бидат презентирани сите активности од проектоти материјали од темата, како и новости и други корисни текстови
- Одржување на Завршна конференција на проектот и презентирање на резултатите и наодите;
По завршувањето на овие активности , здруженијата ќе продолжат со Континуирана промоција на проектот и наодите од активностите.
Проектот е така конципиран да сите брошури, истражувања и поимникот ќе можат да се користат и понатаму и секојдневно да го актуелизираат овој проблем и да влијаат врз понатамошното влијание на давањето на акцентот на овој проблем од страна на институциите. Исто така социјалните мрежи ќе ни бидат алатка преку која ќе ја одржуваме актуелноста на самиот проект. Времетраењето на проектот е четири месеци и се очекува активностите да бидат одржани и извршени до декември за 2015.
https://www.dropbox.com/s/5iyjhsurlas352l/export%20final.mp4?dl=0