Здружението „Борка“ на градоначалникотЈаневски му врачи благодарница за поддршката од општина Струмица
Градоначалникот Коста Јаневски одржа средба со претставници на здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“. На средбата се разговараше за досегашната и идна соработка меѓу Општината и Здружението. Во знак на благодарност за досегашната поддршка на активностите на Здружението и помошта и поддршката на пациентите со малигни заболувања, на градоначалникот Јаневски му беше врачена благодарница.