Здружение „Вера“ организира модна ревија со наслов: Убави сме, свои сме!
Секој декември здружението „Вера“ од Струмица организира настан каде се вклучени лицата со ретки состојби. Оваа година на 3 декември во 16 часот во клубот „Индустриал“ во Струмица, ќе со одржи модна ревија со наслов: Убави сме, свои сме!
Нашите прекрасни модели, облечени во гардероба од струмичките бутици, ќе се прошетаат на модната писта и ќе ве шармираат придружувани од познати личности. Дружењето ќе заврши со сет од диџеј Jас сум Цако – I am Cako, кој веќе неколку пати имавме чест да нѐ разигра.
Влезот е 50 денари, а собраните пари одат за Zdruzenie za pomosh I poddrshka na lica so down syndrome VERA Strumica.
Дојдете на двочасовна мода, шмек и ѕенѕање!