Заврши изградбата на две улици во с. Сушево
Во населеното место Сушево деновиве заврши изградбата на две улици – Улица 1 во должина од 140 метри и Улица 2 во должина од 75 метри. Ширината на улиците е по 3,5 метри односно онолку колку што дозволуваат условите на терен. И двете улици се изградени со бехатонски елементи. Вредноста на оваа инвестиција изнесува околу 800 000 денари од кои околу 580 000 денари за Улица 1 и околу 220 000 денари за Улица 2. Вкупните средства се обезбедени од сопствени извори.
„Изградбата на овие улици значи подобрување на пристапот на жителите од ова населено место кон своите домови и генерално подобрување на уличната мрежа во селото“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој исто така информираше дека во рамки на истата набавка, од страна на истата градежна фирма ќе бидат изградени и две улици во населеното место Градошорци каде што градежните работи се веќе отпочнати и три во Пиперево, каде исто така активностите се веќе почнати.
Работите на терен ги изведува градежната фирма Пешо Инженеринг.