Заврши екстерното тестирање
Денеска заврши екстерното тестирање, оваа тестирање помина без некои поголеми проблеми, освен оние од техничка страна, заради застарените компјутери. Екстерното тестирање уште од самиот почеток наиде на голем револт од учениците како и на дел од наставниците, но и покрај протестирањата сепак оваа екстерното тестирање се одржува веќе 5 години.
Оценките од екстерниот тест ќе бидат запишани во свидетелствата и ќе бидат земени во предвид при пресметувањето на просечниот успех на ученикот. Резултатите од екстерното за учениците од деветто одделение ќе бидат објавени на 13 јуни, за сите останати на 17-ти јуни. Уписите за средно се на 28-ми и 29-ти јуни. Училишните обврски за матурантите пак ќе траат до 13 јуни, кога тие полагаат странски јазик и 15 јуни за кога е предвидено полагањето по третиот предмет од државната матура.