„Запознавање на Европската унија и работата на институциите на ЕУ“

​​

Јавен повик за учество на работилница за запознавање на Европската
унија и работата на институциите на ЕУ

Здружение НОВУС објавува ЈАВЕН ПОВИК за учество на работилницата
„Запознавање на Европската унија и работата на институциите на ЕУ“ во рамките на
проектот „Запознај ја Европската унија – делува европски“ кој што е целосно поддржан
од страна на општина Струмица.
Согласно доделениот грант, предвидено е овој проект да трае 4 месеци и основна цел
е да се промовираат европските вредности и принципи, но и да се запознаат граѓаните со
институциите на ЕУ, фондовите, бенефициите и можностите што ги нуди големото европско
семејство. Сметаме дека примарно треба да се работи од локално ниво на промовирање на
ЕУ политиките и истите да се шират на ниво на цела држава. Така во целост ќе имаме
држава, но и граѓани подготвени да ги споделуваат европските вредности.
Друг важен аспект е навремено и точно да се информираат граѓаните што
претставуваат сите овие аспекти од Европската унија и зошто е важно Р.М. вклучувајќи ги и
локалните заедници да бидат дел од големото европско семејство. Токму неинформираноста
во врска со Европската унија се главни проблеми кои што се присутни на национално ниво,
но тие се уште поголеми кога станува збор за локалните средини.
Право на конкурирање за работилниците имаат сите на возраст од 16 до 29 години.
Работилницата „Запознавање на Европската унија и работата на институциите на
ЕУ“ ќе се одржи на 25 септември (петок) во Дом на АРМ (поранешна сала на
советници).
Сите заинтересирани треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/1Y-Pejgg9Ca77IO-P9BhPPD9hyPfQ3l_Ro3FOjCPs-Nw/edit
Рокот за доставување на апликацијата е до 24 септември, а по завршувањето секој од
учесниците ќе добие сертификат.

Напишете коментар