Започнува Велигденскиот турнир во мал фудбал
,Синоќа во Василево, со почеток во 19 ч. под покровителство на локалната самоуправа Василево, започнува традиционалниот Велигденски турнир во мал фудбал. Натпреварите ќе се играат на спортското игралиште на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево. Учество имаат пријавено вкупно 14 екипи а турнирот ќе го отворат екипите на Авто парк Ване од Владевци и Зоки од Василево.
Карактеристика за овој турнир е што право на учество имаат само екипи од населените места во општина Васиево.
Натпреварите се распоредени во пет натпреварувачки денови и тоа среда, четврток, петок, недела и понеделник кога ќе се одиграат и финалните натпревари. Саботата – ден пред Велигден е слободен.
Обезбедени се награди за најдобрите екипи и поединци и тоа награди за прво, второ, трето и четврто место екипно како и награди за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман.