Започна „Зелената недела“ во градинката „Детска радост“
Во градинката „Детска радост“ клон 1, денеска, почна „Зелената недела“ која што ќе трае до 16 јуни. Оваа манифестација има едукативен дел кој се состои од предавања и практичен дел во кој дечињата засадуваат семиња и цвеќиња. „Зелената недела“ се одржува во организација на ЕУ инфо точка, целта е подигање на еколошката свест на децата уште од најрана возраст.