Започна традиционалниот Караван на книгата во Струмица
Библиотеката Благој Јанков Мучето од Струмица во соработка со издавачкиот центар Три од Скопје,традиционално по 9 ти пат го организираат караванот на книгата каде сите љубители на пишаниот збор имаат можност да ги купат најновите изданија од македонските и странскита автори.Според директорката на библиотеката во Струмица Тања Гошева ,сите оние кои не беа во можност да го посетат саемот на книгата во Скопје,саемот ги посетува нив и овде на штандот во Струмица сите љубители на пишаниот збор по саемски цени ќе можат да ги купаат најновите изданија од Македонија и странство.
Винка Саздова,Коста Петров,Игор Џамбазов како и Робин Шарма,Исидора Бјелица,Мишел Велбек се само дел од авторите кои можат да се купат на караванот на книгата,според Андреј Марковски од издавачкиот центар Три,оваа е убава можност за љубителите на пишаниот збор да го посетат караванот и да ги видат најновите литературни остварувања.
Овој караван на книгата започнува денеска и ќе трае се до 20 јуни,секој ден од 9 часот наутро па до 21 часот навечер,организаторите ги повикуваат сите вљубеници на пишаниот збор да го посетат овој караван на книгата и да си ги збогатат своите домашни библиотеки со некоја нова книга.