Започна Првиот Буџетски Форум во Општина Василево
Синоќа започна првиот буџетски форум на општина Василево.
Ваквите форуми, се модели каде што можат граѓаните да се вклучат во донесувањето одлуки на локално ниво. Граѓаните на Василево, синоќа во голем број присуствуваа на овој настан, кој е само почетен бидејќи вкупно се шест сесии каде можат да ги кажат своите проблеми, и кои се најпотребните нивни потреби за подобрување на животот во нивната општина.
Според градоначалникот на о.Василево Ванчо Стојанов, преку буџетскиот форум, граѓаните се главните креатори на подобор живот во општината, и оваа е одлучна можност самите граѓани да ги укажат и да ги изгласаат кои се најпотребните зафати, кои треба оштината и советот да ги внесат во буџетот за реализација.