Замрзна ли кошарката во Струмица по неодиграните два меча во колото
Суспензиите на македонската кошаркарска федерација продолжуваат да се спроведуваат низ прволигашките терени. По дуелот меѓу Куманово и АВ Охрид, денеска не се одигра ниту средбата меѓу Струмица – Кожув во рамките на 10. коло од Првата лига.
Причината е веќе добро позната. МКФ одлучи да ги суспендира оние екипи кои немаат подмирено тековни долгови, во случајов станува збор за котизација и лиценци за странските играчи. Доколку Куманово, Кожув, Струмица и Карпош Соколи не ги исплатат под голем знак прашалник ќе биде доведена регуларноста на првенството.
Инаку само два натпревари се одиграа од 10. коло во Првата лига, Работнички одигра една добра четвртина, но и тоа беше доволно да слави на гости кај Вардар со 82:71, додека Фени со убедливи 88:51 го победи Пелистер.
Преземено од
http://sportmedia.mk/kosharka/domashno-prvenstvo/i-vo-strumica-zamrzna-prvata-liga