ЗАМИНУВАЊЕ на Столе Ангелов е првонаградената фотографија на конкурсот на Транзен
Фотографијата ЗАМИНУВАЊЕ на фотографот Столе Ангелов е првонаградената фотографија на конкурсот со тема “Тагата на провинцијата и неподносливата мачнотија на метрополата”.
 Во фотографијата на Столе Ангелов,на еден суптилен ликовен јазик,естетски е доловена сликовната материјализација на зададената философска теза на конкурсот.Авторот во легендата на фотографијата ќе наведе:
 -Фотографијата е направена во еден доцен зимски ден од колата на еден драг пријател кој неодамна не напушти нас и овој свет.Погледот низ мокрото стакло на вратата е краткотрајно-блиц сеќавање на тажните детства во провинциите кога на задното седиште на автомобилите ги чекаме возрасните и мечтаејќи по нешто нејасно, зјапаме низ замаглениот прозорец.
 Селектори на конкурсот се:
 Александар Дончев -фотограф
 Ице Виранов-филмски режисер
 Никола Пијанманов-ликовен уметник.
 Конкурсот е дел од проектот на организацијата Транзен финансиски поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

