Заменик министерот Лупчо Пренџов во посета на општина Босилово.
Вчера, заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов беше во посета на општина Босилово. Беше разговарано за функционирањето на општината, задачите и обврските, како и за аплицирањето на прекуграничните ИПА фондови. Заменик министерот даде повеке објаснувања во врска со новиот повик на преку гранична соработка со Република Грција. Целокупниот повик изнесува 42.5 милиони евра. Повикот ке се однесува на мобилност за вработување, патна инфраструктура, заштита на животната средина, управување на климатските промени и културното наследство како пред услов за подобар туризам. Овие средства се во форма на грантови кои се неповратни. На крајот од средбата заменик министерот го посети новиот објект “Културно едукативен центар за млади” во Босилово кој беше изграден со средства од ИПА прекуграничната програма со Република Бугарија.