За Вкусен Доручек- Полна Погача
Започнето го денот со богат доручек и припремете вкусно јадење за вашите најблиски.
За денеска ви препорачуваме Полна Погача, за оваа вкусно јадење потребно ви е…
- 800 g брашно
- 20 g квасец
- 3 јајца
- 1 лажица шекер
- 2 лажици сол
- 250 g маргарин
- 50 g сусам
- 100 g ситно сирење
- 100 g сув врат
- 100 g кашкавал
- 100 g печена сланина
- 2 главици млад кромид……
Замесете го тестото и оставете го да накисне и потоа повторно треба да се размесе и да отстои уште 15 минути.Развлечете го тестото на голема кора и намчкајте го со маргарин па преклопете го на пола па повторно намачкајте го со маргарин и треба да отстои повторно 15 минути.
Потоа направете круг од тестото и исечете го на мали триаголници, во нив ставете ги состојките и сите триаголници спојте ги заедно, намачкајте ги со жолчка и посипете сусам.
Тоа треба да се пече на температура од 180 сепени околу 45 минути во зависност од вашата рерна.
Имајте пријатно јадење.