За Ристовски нема криминал во изградбата на комплексот „Цареви кули“
Сопственикот на хотелскиот комплекст „Цареви кули“ ги отфрла наводите за криминал околу изградбата и легализацијата на објектот. Во писмениот допис до медиумите, Ристовски вели дека градоначлникот на Струмица Зоран Заев, кој му бил долгогодишен пријател, немал никаква поврзаност со комплексот.
-Не постои никаков криминал во изградбата на комплексот „Цареви Кули“, а господинит Зоран Заев ми е долгогодишен пројател уште од времето кога тој не беше политачар. Одговорно тврдам дека Зоран Заев нема никаква поврзаност со комплексот, а за сите оние кои се последните четири дена се обидуваат да ме прикажат како криминалец и сите оние кои се обидуваат да ја оцрнат мојата фамилија најавувам тужби од моја страна и од страна на мојата сопруга, пишува Ристовски.
Денешното образложение, според Ристовски, било заради неговите деца, кои вели дека биле видно погодени од написите, бидејќи комплексот „Цареви кули“ бил граден повеќе време заедно со неговата сопруга со која бил во брак веќе 23 години. Најави повторно појавување пред јавноста штом завршат судските постапки кои ги најави во писмениот допис.