Втора сесија во рамките на проектниот граѓански форум
03.11.15 г. (вторник) во 18:00 часот во Дом на АРМ (голема сала) Струмица
Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат претселектираните проекти од првата сесија од акциските планови за развој на образованието, социјална заштита, млади и соработка со граѓанскиот сектор и од истите да предложат приоритетен проект кој ќе го имплементира Општина Струмица во периодот 2015 – 2016 година.