Вработен во СВР Струмица направил сообраќајна незгода при што повредил малолетно лице и избегал од настанот

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  МР (30), ВР (54) двајцата  од Струмица и ВТ (31) од с.Куклиш, поради постоење основано сомневање дека  второпријавениот сторил кривично дело „Фалсификување исправа “ по чл. 378 и кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“ по чл.380 од КЗ, а прво и третопријавениот сториле кривично дело „Соизвршителство“ по чл.22 вв чл.378 и чл.380 од КЗ на РМ. 

Имено, првопријавениот вработен како полициски службеник во СВР Струмица, на ден 05.08.2018 година управувајки мотоцикал марка „YAMAHA FZ1“ со бугарски регистарски таблици, учествувал во сообраќајна незгода во која незгода со телесни повреди се здобило малолетно лице од Струмица, а по настанатата сообраќајна незгода пријавениот го напуштил лице местото на насреќата. Истовремено  со истото дејствие сторил и царински прекршок на тој начин што управувал моторно возило – мотоцикл со бугарски регистерси таблици сопственост на третопријавениот.
 Второпријавениот вработен како цариник во Царинска испостава Ново Село, искористувајки ја својата службена положба и овластување, со цел да избегне одземање на моторното возило мотоцикл марка „YAMAHA FZ1“ во сопственост на третопријавениот, со кој мотоцикл на ден 05.08.2018 година, неговиот син првопријавениот сторил сообраќајната незгода, иако знаел дека треторпијавениот – сопственик на мотоциклот не е во Р.Македонија, отпочнал постапка за царинење на возилото – мотоцикл во име и за сметка на третопријавениот.
Исто така  второпријавениот имајќи интерес да се оцарини возилото за да не биде предмет на царински прекршок казнив, односно мотоциклот да не биде одземен, покрај целокупната потребна документација приложил фалсификуван документ „Поедноставено полномошно за директно застапување “ 2 образци, кој документ бил потребен да се приложи во царинската постапка согласно „Упатството за начинот на вршење на застапување во царинските постапки “. Второпријавениот  во документот вметнал податоци од лицето на кое ќе се царини возилото, односно податоци од третопријавениот, како и податоците од правно лице од Струмица за директно застапување за спроведување на царинска постапка, а на графата „давател на полномошното“ бил ставен краток потпис од ВТ, кој потпис ниту можел ниту пак бил ставен од страна на третопријавениот кој бил надвор од Р.Македонија. Така изготвениот фалсификуван документ второпријавениот го употребил во постапката за царинење на предметното возило како документот да го употребува третопријавениот.
Покрај фалсификуваниот документ „Поедноставено полномошно за директно застапување“ второпријавениот употребил и фалсификувана „Изјава за вредност на стока“ со адреса до Царинарница Гевгелија ЦИ Ново Село, кој документ бил потребен во постапката за царинење согласно член 42 став 3 од Царинскиот законик.  

Против прво пријавениот СВР-Струмица до ОЈО поднесе кривична пријава и за сторени кривични дела „Загрозување на безбеднопста во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ а до Царинска управа на РМ – Царинарница Гевгелија доставено е Известување за сторен царински прекршок, со предлог мерка одзементото возило да биде ставено под царински надзор за време на спроведување на постапката. 

По целосно расчистување и документирање на настаните од страна на СВР-Струмица изготвени се кривични пријави и доставени во ОЈО-Струмица, а СВР-Струмица против прво пријавениот како вработен ќе покрене постапка за дисциплинска одговорност.
       

Напишете коментар