Вонредна седница на Советот на општина Василево

DSC_0638

На синоќа одржаната вонредна седница на Советот на општина Василево, советниците, едногласно и без дискусии ги усвоија двете предлог одлуки од предложениот дневен ред: Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проектот „Изработка на регионален план со десет општински планови за интргрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион“ и Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проект за развој на патната инфраструктура преку изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала во должина од 1 км.
Во образложението за итноста на седницата градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, рече дека овие одлуки се составен дел на апликации чии рокови истекуваат во понеделник.
Со едната одлука општина Василево од Буџетот за 2016 година обезбедува средства за учество во проект за изработка на регионален план со десет општински планови за интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион. Носител на овој проект е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а десетте општини од регионот, меѓу кои и општина Василево се партнери. Висината на средствата кои општината ќе ги обезбеди изнесуваат 168 200 ден.
Со одлуката за сопствено учество на општина Василево во проект за развој на патната инфраструктура преку изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала во должина од 1 км. општина Василево во изградбата на споменатата делница ќе учествува со буџет од 2 065 885 денари, а од Бирото за регионален развој че бидат обезбедени 7 000 000 ден.

Напишете коментар