Во струмичките и подрачните училишта до 31 август, запишани 499 првачиња
Денеска и официјално започна новата учебна година за сите ученици на територијата на република Македонија.
Секако највозбудени беа најмалдите односно првчињата. По приемеот во своите матични училишта тие заминаа традиционално во домот на АРМ, каде имаше подготвено свечен прием за нив. Пред нив се обрати в.д градоначалникот Коста Костадинов, кој им посака успешна нова учебна година.
На ниво на територијата на општина Струмица до 31 август се запишале вкупно 417 ученик, а 81 во подрачните училишта.
Додека пак на ниво на Македонија повеќе од 20.000 првачиња ќе седнат во учлишните клупи во новата 2017/20188 година.