Во средното училиште „Димитар Влахов“ се поплочува површина од 1.260 метри квадратни
Во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во континуитет се реализираат работни активности со цел подобрување на условите за изведување на образовно – воспитниот процес. Согласно планираните активности, деновиве се врши поплочување на задниот дел од училишниот двор на вкупна површина од 1.260 метри квадратни.
-Овој дел не беше поплочен и сега училиштето е комплетно уредено и нема место кое не е добро средено. Покрај ова во паркот на училиштето поставуваме и нови канделабри на местото на старите и дотраени. Во текот на оваа година направивме и ракометно игралиште со средства од општина Струмица, извршивме фасадирање на училишната зграда, донесовме и 24 нови LCD проектори кои ќе бидат распоредени во секоја училиница за да можат наставниците подобро да ја изведуваат наставата, а ќе биде извршена и комплетна гасификација на спортската сала, рече Димитар Ѓорѓев директор на училиштето.