Во среда ќе се одржи чин молебен за почеток на новата учебна година
Во среда, ден пред стартот на учебната година, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум во Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ во Струмица ќе се одржи чин молебен за почеток на новата учебна година. Молебенот ќе започне во 17.00 часот.
Од Струмичката епархија ги покануваат сите ученици да дојдат и присуствуват на овој чин за да заеднички преку молитвата да се побара Човекољубиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква.