Во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“, шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, ја посети Струмица
Во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“, шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, ја посети Струмица. На дебатата која што се одржа во средното општинско училиште „Јане Сандански“, евроамбасадорот Жбогар и учениците разговараа за Европската Унија. По дебатата, со градоначалникот Коста Јаневски ја посетија градинката во градскиот парк која што е реконструирана во рамките на проектот „Еко градинки за одржлива иднина“ финансиран од ЕУ, а во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Оваа градинка е само еден од дваесетината проекти кои што општина Струмица ги има реализирано со средства од европските фондови.
Во попладневните часови евроамбасадорот Жбогар и градоначалникот Јаневски го посетија и манастирот во Вељуса