Во општинската каса инкасирани 73 милиони денари од наплата на даноци и такси
Во 2017 година остварен приход од над 73 милиони денари од наплата на даноци и такси
Општина Струмица од даноци и такси во 2017 година остварила вкупен приход од 73.869.675,00 денари, што споредено со претходната година, односно 2016, е за 14,75 проценти помалку. Според информациите од Одделението за администрирање на приходи, од наплата на даноци се остварени вкупно 58.222.546,00 денари, а од такси 15.647.129,00 денари. Стопроцентна наплата е остварена кај данокот на промет на недвижности од 36.523.296,00 денари и кај данокот на наследство и подарок со наплатени 2.477.029,00 денари. Кај данокот на имот од правни и физички лица реализирана е наплата од 19.219.721,00 денари, или 81,12 проценти.
Во делот на комуналната такса (фирмарина) остварена е наплата од 13.820.369,00 денари, или 76,24 проценти, а 1.826.760,00 денари се наплатени од други видови на такси.