Во недела на 29-ти октомври 2017 год ќе се одржи традиционалниот марш до с.Варварица

С О О П Ш Т Е Н И Е

Во недела на 29-ти октомври 2017 год. во организација на општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица ќе се одржи традиционалниот марш до с.Варварица.

Поаѓањето е во 08 часот од пред градскиот трговски центар „Глобал“ во Струмица и од пред општинската зграда во с. Василево во истото време.
Превозот е организиран со автобусите на Струмица Експрес и истиот е бесплатен.

Општина Василево ги поканува сите заинтересирани граѓани да се придружат.
Маршот се организира традиционално секоја година а повод е одбележување на годишнина од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко.

Со почит,

Општина Василево
Градоначалник
Марјан Јанев

Напишете коментар