Во изминатата година преку општинскиот сервис „Систем 48“ решени 1203 проблеми
Во минатата 2018 година преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ биле решени 1.203 проблеми од вкупно пријавените 1.428. Останатите 225 се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 694, од областа на собирање смет 183, водовод и канализација 162, паркови и зеленило 138, општински инспекциски служби 13 и исто толку за улици, патишта и тротоари.
Целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.