Во градинката „Детска радост“ се реализираше проектот „Без плачка до играчка“
Дечињата од градинката „Детска радост“ Клон 6 денеска уживаа во реализацијата на проектот „Без плачка до играчка“. Ученици од петто до деветто одделение од основното општинско училиште „Никола Вапцаров„ ги анимираа децата од предучилишна возраст со музички точки, приказни и драматизација на популарната „Маша и медо“, а на дечињата од тригодишна возраст им подарија и играчки.
Целта на овој проект е да се вклучат учениците во една хумана акција, да ги социјализираат и да им помагаат на најмалите во нивното учење низ игра, а со тоа да се излезе во пресрет и на наставниот кадар во градинките полесно да ги адаптира децата во новата средина – градинката, бидејќи децата најмногу сакаат да се дружат со деца.