Во дополнителниот рок поднесени се 2.300 нови барања за легализација на дивоградби
Општина Струмица уште еднаш потврди дека е сервис на граѓаните и секогаш излегува во пресрет на нивните барања. Ноќеска до полноќ беше отворена архивата во Секторот за урбанизам и комунални работи за да им овозможи на сите физички и правни лица да го искористат последниот ден за поднесување барања за легализација на бесправно изградените објекти. Според Стојан Динев раководител на Секторот, во дополнителниот рок доставени се вкупно 2.300 нови барања. Во претходниот рок од 2011 година беа доставени 9.306 со што вкупниот број изнесува 11.606 поднесени барања за легализација на бесправно изградени објекти на територијата на општина Струмица. Динев апелира до физичките и правни лица кои што веќе имаат поднесено барање за легализација, да не го чекаат крајниот рок, 31 декември 2016 година, за доставување на геодетските елаборати.