Во денешната акција заловени се десет кучиња скитници
Денеска беше спроведена третата акција на заловување на кучиња скитници во општина Струмица во која беа заловени 10 кучиња, а кои согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, истите ќе бидат хумано третирани. Заловувањето го врши АД ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово со кое согласно тендерската постапка општина Струмица склучи договор за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња. Од декември кога оваа фирма го продолжи заловувањето до денеска, заловени се и истретирани вкупно 32 кучиња скитници. Сите заловени кучиња по хуманиот третман, а согласно Законот, се враќаат на местото каде што се заловени и имаат пасоши кои се наоѓаат во одделението за инспекциски работи во општина Струмица. Сите заловени кучиња не се скитници, меѓу нив има и такви кои имаат сопственици кои доаѓаат да си ги бараат по заловувањето.
Токму поради ова се апелира до граѓаните кои имаат кучиња да не ги пуштаат и оставаат по улиците за да не прават дополнителни проблеми.