Во 2016 година преку „Систем 48“ решени 1.817 проблеми на граѓаните
Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во 2016 година биле решени 1.817 проблеми на граѓаните од вкупно пријавените 1.956. Останатите 139 пријави се во процес на решавање бидејќи за нив е потребно подолго време затоа што се од инвестиционен карактер.
Најголем број од пријавите во „Систем 48“ во текот на 2016 година се од уличното осветлување 1.260, од областа на собирање смет 267, од областа на водовод и канализација 130 пријави, општински инспекциски служби 50, паркови и зеленило 110 пријави и останатите биле од други области. Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за соработката и довербата и очекуваат истата да продолжи и во оваа година. Истовремено апелираат за навремено доставување на пријавите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат општинските служби навремено да интервенираат и да ги решаваат проблемите.
„Систем 48“ е информациски, интерактивен систем на јавно достапните услуги на општина Струмица, кој предвидува решавање на проблемите на граѓаните во рок од 48 часа. Како таков истиот функционира од 2011 година па до денес притоа една од основните задачи на овој систем се транспарентно работење и решавање на проблемите на граѓаните во рок од 48 часа.