ВМРО-ДПМНЕ бара вонредна седница на Советот на општина Струмица

Советничката група на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, денеска во архивата на општината достави барање за свикување вонредна седница на Советот на општина Струмица.

„Оваа барање го поднесуваме по повод новонастанатата ситуација во општина Струмица и како одговор на реакцијата на многу граѓани, кои секојдневно се јавуваат и реагираат за поставување на нивните прашања кои ги интересираат за работата на општина Струмица. Мислам дека општината ќе одговори позитивно на оваа наше барање и во најкраток временски рок апелирам да не повика да се одржи седницата“ – изјави Зоран Пакетов, координатор на советничката група „За подобра Македонија“.

Барањето за свикување вонредна седница е доставено до градоначалникот Зоран Заев и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

Напишете коментар