Видео кое ке ве замисли на кое ниво е нашата “Eколошка Свест“
Подигањето на еколошката свест опфаќа трансферирање на техничкиот јазик на природните науки во термини и идеи што може да ги разбере секој граѓанин. Со тоа што тие стануваат лесно разбирливи, истовремено стануваат приемчиви и прифатливи, со што се постигнува крајната цел. Инаку, тој процес секогаш е поуспешен кога на јавноста и се пристапува на интересен и забавен начин. На оваа тема наши сограѓани, докажани професионалци во својата област, Ѓеорѓи Кончалиеv – фотограф и Кире Пиличев – камерман, се на почеток нa изработка на документарен филм за нивото на еколошката свест во општеството.
Nature`s intermezzo
Posted by Georgi Koncaliev on Thursday, May 10, 2018
Според последните истражувања, Македонија е на дното на листата според нивото на еколошка свест, односно таа е 73 место на листата на еколошки најчисти земји во светот од вкупно 149 држави. Во рамките на Европа, Македонија го зазема третото место на листата од позади, односно рангирана е на 37 место од вкупно 40 држави, а зад нас се само Романија, Украина и Молдавија. Водечко место на листата за најчиста земја во Европа зафаќа Швајцарија, додека од регионот на високо место се котираат Словенија на 15 место, Хрватска на 20 и Албанија на 25 место.
Останува само да се постави прашањето дали тоа се појавува како резултат на недоволната информираност во врска со екологијата и еколошките постапки коишто треба да се преземат или пак на неодговорноста на самите граѓани во врска со одржување на чиста животна средина?