„Велигденски хепенинг“ во Иловица
Традиционално, денес, на Велики четврток, во училишниот двор на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица се одржа „Велигденски хепенинг“. Вредните рачиња на учениците од I до V одд. ги направија најуникатните шарени велигденски јајца. Додека мелодијата на детската насмевка се разлеваше во дворот, шаренееја детските уметнички ракотворби направени со помош на нивните вредни наставници. Се чувствуваше голема радост.
Веселите деца ви посакуваат спокојни велигденски празници, со желба за здравје и благосостојба во секој дом.