Василевчани ја покажаа својата хуманост на дело
Вчера
во просториите на Домот на културата во Василево, се спроведе акција на доброволно дарување на крв. Според информацијата од организаторите со пријавени над 30 граѓани и 30-тина собрани крвни единици, акцијата ги дала очекуваните резултати.„Како и во секоја акција во општина Василево и во денешната хуманоста е на високо ниво. Како организатори, граѓаните ги информираме преку плакати, но и преку социјалните мрежи како резултат на што имаме и доста нови, млади крводарители,“ изјави волонтерот во Црвениот крст и мотиватор на денешната акција, г-ѓа Ивана Трајкова.
„Она што општина Василево го има започнато во изминатиот период со денешната акција го продолжува што значи еден континуитет со кој граѓаните на општина Василево ја покажуваат својата хуманост. Денешната заинтересираност на граѓаните кои сакаат да даруваат крв и да им помогнат на оние на кои им е потребно ја покажува хуманоста на нашите сограѓани и успешноста на денешната акција“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и самиот повеќекратен дарител на крв.
Општина Василево години наназад, заедно со Заводот за трансфузициона медицина Струмица и Организацијата на Црвениот крст учествува во организирањето на акциите на доброволно дарување на крв.