Утре почнува 24-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица
Во Струмица утре почнува 24-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Во текот на фестивалските денови, кои ќе траат до 12 септември, ќе бидат изведени 14 претстави чии актери ќе се борат за единствената награда за актерско достигнување „Ристо Шишков“.
Фестивалот ќе го отвори претставата „Човекот кој не знаеше да каже не“ во режија на Мартин Кочоски, а во копродукција со ФКТ „Ристо Шишков“ и театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.
свен театарски претстави, ФКТ „Ристо Шишков“ ќе понуди и повеќе промоции и проекции на филмови.
Утре ќе биде отворена изложбата на фотографии на прима-балерината Зоица Пуровска Велевска, а првиот фестивалски ден ќе го заокружи „Разговор во четири очи“ во режија на Нина Николиќ во продукција на Скопје филм студио во копродукција со Македонскиот народен театар.
Во рамки на фестивалот ќе биде промовирано и ДВД-то „Духот на татко ми“ посветен на доајенот на македонското глумиште Ристо Шишков и неговиот починат син, Васил Шишков на режисерот Горан Тренчовски. Промовирана ќе биде и книгата поезија „Креативна бурлеска“ на Јоана Шишкова, како и книгата „Сума театралка“ на Градимир Гојер.
Фестивалот ќе го затвори „Солун-град на духови“ во режија на Слободан Унковски, а во продукција на Театарот на Навигаторот Цветко Скопје.
Најдобриот актер ќе го добие златниот медалјон со ликот на Шишков, и 1.500 евра парична награда и признание.
Годинава се одбележуваат 30 години од смртта на патронот, Ристо Шишков. Фестивалот на камерен театар е финансиски поддржан од општина Струмица и Министерството за култура.