Утре ќе се одржи првата сесија во рамките на Граѓанскиот буџетски форум 2017
Општина Струмица и оваа година ќе го креира Буџетот на општината за 2018 г. во консултација со граѓаните. Присутните граѓани ќе имаат можност, преку Граѓански буџетски форум, да ги проследат и да дискутираат за планираните програми и проекти за 2018 г. за општина Струмица, како и да предлагаат проекти во програмите за 2018 г. Преку овој процес, тие ќе можат активно да се вклучат во партиципативниот процес на донесување локални одлуки,
Имено, Општина Струмица во соработка со Центарот на заедницата на општина Струмица на 01.12.2017 г. (петок) со почеток во 18.00 часот во Дом на АРМ – Струмица во големата сала, ќе ја одржат првата сесија во рамките на Граѓанскиот буџетски форум 2017.
Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на Буџетот на Општината и зголемување на транспарентноста на Општината.
Граѓанскиот буџетски форум во општина Струмицa го имплементира Центарот на заедницата на општина Струмица со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).