Уредување на просторот околу манастирот Св. „Леонтиј“ во Водоча
Започна со реализација проектот за уредување на околината во близина на Манастирот Св. „Леонтиј“ во Водоча кој е во целост финансиран од Европската Унија. Во рамки на проектот е предвидено изградба на парк во близина на манастирот, уредување на влезот на населеното место Водоча и изградба на патека до помошните објекти на манастирот.
Општина Струмица продолжува да ги користи сите расположливи фондови на Европската Унија за развој и подобрување на инфраструктурата во близина на туристичките локалитети и културно – историските знаменитости.
Погледнете ја видео анимацијата со активностите кои ќе бидат реализирани со финансиска поддршка на ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014 – 2020.
Пушти-2:21Дополнителни визуелни поставкиВлези, прегледај и листајКликни за да зголемишПушти глас