УМС распиша конкурс за кандидирање на членови и претседатели
УМС при општина Струмица продолжува со своите тековни активности. Во пресрет на изборите во април 2016 година УМС при општина Струмица распиша конкурс за кандидирање на членови и претседатели на комисии на месни комитети.
За таа цел со денешната прес-конференција претседателот на УМС Струмица, Владимир Ристов ги охрабри своите членови да се пријават на објавениот конкурс, а во склоп на акцијата На Mакедонија и треба твојата идеја, ја искористи и можноста да ги повика граѓаните од југоисточниот регион на република Македонија да ги споделат своите идеи и да учествуваат во претстојните активности.
фото-СтрумицаДенес