Училиштата во Сушево, Чанаклија и Доброшинци добија парно греење
Подрачните училишта во населените места Сушево, Чанаклија и Доброшинци ќумбињата на дрва ги заменија со радијатори. Во овие три училишта од кои едното, училиштето во Сушево, е во рамки на ООУ„Гоце Делчев“ Василево а училиштата во Чанаклија и Доброшинци се подрачни на ООУ„Атанас Нивичански“ Нова Маала, деновиве комплетно се завршени активностите на поставување на систем за парно греење.
„По капиталните инвестиции што ги вложивме во ресорот образование вклучувајќи ги реконструкциите на сите подрачни и центарлни училишта на територијата на општина Василево, а во функција на подобрување на процесот на образование, веќе стигнавме до фаза и поставување на систем за топловодно греење за сите централни и подрачни училишта на територијата на општина Василево, рече градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов при неговата денешна посета на училиштето во Чанаклија. Зборувајќи за бенефетиот од ваквиот начин на затоплување, Стојанов нагласи дека освен подобрите услови за учениците кои учат во овие училишта бенефит е и заштедата односно намалената потрошувачка на дрва а со тоа и помалото загадување на средината.
Во овие три училишта настава посетуваат вкупно 69 ученици од прво до пето одделение и тоа во Чаналклија 20 ученици, во Доброшинци 42 и 27 во училиштето во Сушево.
Инвестицијата за оваа активност, поставување на системот за парно греење во трите училишта, е заедничка на општина Василево и Министерството за образование, со кое општина Василево има одлична соработка.