Ученикот Мартин Динев од СОУ „Никола Карев“ освои златен медал на јуниорската математичка оломпијада
Во просториите на ФОН универзитетот во Скопје се одржа 19-та по ред јуниорска математича олимпијада, на која учествуваше Мартин Динев ученик во прва година во средното општинско училиште „Никола Карев“, а под менторство на професорката по математика, Гонце Ивановска. На оваа олимпијада, Динев постигна најдобар резултат и го освои златниот медал, со што обезбеди учество на балканската математичка олимпијада која што ќе се одржи кон крајот на месец јуни во Романија.