Учениците од О.У „Гоце Делчев“ од Вељуса со донација за одделението за педијатрија во медицинскиот центар во Струмица
Учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Вељуса уште еднаш ја потврдија својата хуманост. Со помош на родителите и наставниците донираа играчки, сликовници и друштвени игри на одделението за педијатрија во медицинскиот центар во Струмица. Целта на оваа хуманитарна акција реализирана по повод Светскиот ден на детето е да им го направат попријатен престојот на децата на ова одделение.