УЧЕНИЦИТЕ ОД ,,ЈАХЈА КЕМАЛ” ВО БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКАТА
Да ги поддржиме борците во борбата против ракот на дојката, да им се восхитуваме на преживеаните, да им одадеме почест на изгубените и никогаш да не престанеме да се надеваме – порачаа денеска учениците од приватното средно училиште ,,Јахја Кемал” во Струмица.
Преку богата трпеза од благи и солени специјалитети приготвени од самите ученици беше испратена пораката за почит кон оние кои го имаат преживеано ракот на дојката како и оние кои ја изгубиле битката со него.
Манифестацијата имаше хуманитарен карактер. Средствата собрани од изложбата на храна, ќе бидат донирани во Фондот за борба против рак на дојката.
Преземено од СтрумицаСити