Учениците од „Боро Џони“ постигнаа огромен успех на фестивалот на млади музички и балетски таленти
На фестивалот на млади музички и балетски таленти со натпреварувачки карактер кој што се одржа во Скопје, учениците од музичкото училиште „Боро Џони“ забележаа огромен успех. Со специјални награди се закитија Васил Бунгурџиев по предметот солфеж од класата на професор Ана Цунева и Стојан Стојанов – гитара од класата на професорот м-р Васко Пиличев. Со први награди се вратија: Стојан Стојанов по предметот солфеж во класата на професорот Марина Грозданова, Живка Гогова – пијано во класата на професорот Зоран Мазнејков, Матеа Димова – солфеж од класата на професорот Ана Цунева и Христијан Ангелов – солфеж од класата на професорот Марина Грозданова. Со втора награда се врати Славица Томова исто така солфеж во класата на професорот Душко Филев.
Но, најголемиот успех го постигна Стојан Стојанов – гитара кој освои гранд при на натпреварот, односно, на завршниот концерт каде се појавија сите добитници на специјални награди, тој беше избран за најдобар.