Учениците од банкарскиот смер во СОУ „Јане Сандански“ ќе добијат банка за пракса
Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ веќе трета генерација ученици го изучуваат банкарскиот смер. Имајќи ја во предвид атрактивноста на банкарството и неопходноста од практична настава, училиштето во соработка со Шпаркасе, Стопанска банка и Охридска банка ќе обезбеди опрема која учениците ќе ја користат за да можат по завршувањето на средното образование бидат стручно оспособени за нивниот иден позив. Во моментот се работи на оспособување на просторијата, а се очекува банката за пракса да биде во употреба кон крајот на овој или почетокот на следниот месец.
Наставата во банкарскиот смер во СОУ „Јане Сандански“ ја следат вкупно 72 ученика.