Ученици од ООУ,,Св.Кирил и Методиј”-Иловица во посета на општина Босилово
Вчера во посета на општина Босилово беа учениците од четврто одделение од ООУ „св.Кирил и Методиј“ Иловица. На оваа посета тие се запознаа со градоначалникот на општина Босилово, г-дин Љупчо Колев, и со дел од општинската администрација. На средбата учениците беа запознаени со начинот на функционирање на општината, со дел од задачите и обврските кои таа ги има како и задачите на градоначалникот. Истите беа запознаени и со работата на Советот на општина Босилово, го разгледаа културно едукативниот центар за млади во Босилово како и сите канцеларии и одделенија во општинската зграда. Дел од учениците имаа и одредени прашања за градоначалникот при што добиа и соодветни одговори