Ученици од музичкото училиште „Боро Џони“ освоија две први награди на меѓународен натпревар
Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица постигна уште еден голем успех. На меѓународниот натпревар по камерна музика кој по шестти пат се одржа во Кавадарци, учениците од ова училиште освоија две први и по една втора и трета награда. Првите награди ги освоија Велјан Дојчинов и Стефан Локов (дуо гитари) и Кирил Ичков и Митко Витанов (дуо гитари) под менторство на професорот м-р Васко Пиличев, Енис Јусеинов и Азем Куртев (дуо труби) под менторство на професорот Кирил Лазаров освоија втора награда и Џелал Куртов и Мустафа Али (дуо труби) освоија трета награда под менторство на професорот Лазаров. На натпреварот учествуваа и ученици од Босна и Хрватска.