Тв Канал Вис- ДЕТЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ДАБИЉЕ-ПЕТРАЛИНЦИ
Четиригодишно дете загина во тешка сообраќајна несреќа се случи на патот Дабиље-Струмица, на излезот од селото Дабиље. Автомобил марка Опел Кадет излетал од патот. Во возилото биле татко и дете на околу четири години од селото Босилово. Од непознати причини, возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал во нивите. Најверојатно се движеле во правец од селото Петралинци кон Дабиље. На местото на несреќата пристигна полициска екипа и јавен обвинител. Детето и таткото се префрлени во општата болница Струмица, каде е констатирана смрт на детето, додека таткото поминал со телесни повреди.