Турново го Надигра Вардар
Во Струмица се одигра доста драматичен натпревар, но во првото полувреме не видовме погодоци и покрај убавите шанси создадени од двете страни. Но на самиот почеток од второто полувреме Сашко Пандев стрелаше за 1:0 и водство на домаќините. По влегувањето во игра на Ацо Стојков, веднаш потоа успеа да се запише во листата на стрелци, кој во 78 минута успева да го скрши мразот и да го постигне првиот погодок сезонава (1:1).
Но, сепак на 3 минути пред крајот Бојан Најденов му го нанесува првиот сезонски пораз на актуелниот шампион на Македонија.
Работнички на домашен терен сепак не успеа да запише 3 бода против Шкупи, ремизирајќи 1:1 на Арената Филип Втори.
Мечот беше решен на самиот крај, кога Исени во 88 минута погоди за водство на гостите од Чаир, но Марјан Алтипармаковски 2 минути подоцна изедначува на 1:1 и воедно го постави конечниот резултат од оваа средба.
На останатите натпревари, Брегалница-Металург 0:2, Силекс-Царев Двор 3:0 и Ренова-Шкендија одложена.