Тркалезна маса на тема: Пристап до информации и заштита на лични податоци – можности и предизвици на локално ниво
Аналитика Тинк Тенк организира настан на тема „Пристап до информации и
заштита на лични податоци – можности и предизвици на локално ниво” во
Хотел Вила Парк во Струмица. На настанот ќе биде промовиран извештајот
од следењето на работата на Комисијата за заштита на правото на слободен
пристап до информации од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на
лични податоци. Исто така, ќе биде промовиран документ за јавни политики
на истата тема. Покрај тоа, ќе се разговара за транспарентноста на
институциите на локално ниво и улогата на граѓанскиот сектор на локално
ниво за поголема отвореност и ефикасност на институциите.
Настанот ќе се одржи на 8-ми февруари 2018 (четврток) во Хотел Вила Парк
во Струмица, со почеток во 11ч.