Триесетдневен притвор за Струмичанец, Снимил секс со малолетничка – видеото му го пратил и на татко ѝ
Основното јавно обвинителство Струмица донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнограгфија“ , се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство на Република Македонија.
Осомничениот, со својот мобилен телефон, без согласност снимал малолетно лице додека воделе љубов. Притоа, снимените клипови ги направил достапни преку средства за масовна комуникација – Facebook Messenger и Instagram, а фотографиите и видеата со порнографска содржина ги испраќал и до таткото на оштетената, како и до други лица.
Поради опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд – Струмица поднел барање и за определување мерка притвор.
По спроведената постапка, судијата на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.