Трибина-„Со уметност против ракот – кампања за борба против ракот“
Здружението за култура и развој на креативни индустрии „КУЛТ-ТРАНЗЕН“ заедно со Организација на жени од Струмица ве поканува на трибина за превенција и навремено откривање на карциноми со д-р Триводалиева Слободанка која ќе се одржи на ден 04.11.2015, Среда, во 18.00ч во просториите на Домот на АРМ на втори кат во мала сала.
Трибината се реализира во рамките на проектот „Со уметност против ракот – кампања за борба против ракот“ – финансиски поддржан од општина Струмица преку програмата Г1 – трансфер до невладини организации.
Со почит
Здружение за култура КУЛТ-ТРАНЗЕН
Организација на жени – Струмица